Еурофарм Пелистер 2 имаше напад за реми, но Бутел си заминува со три бода од Битола

Екипата на Бутел Скопје дојде до победа на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 со 26:25 откако во текот на целата средба имаше надигрување во кое и едниот и другиот состав имаа свои моменти. Домашните имаа шанса за реми, но во последниот напад не успеаја да се снајдат, па останаа без бодови.

На почетокот на средбата имаше менување во предност од двете страни, а водството беше гол до два. Откако на почетокот Еурофарм Пелистер имаше 2:1 дојде до три гола серија на гостите и брзо менување на водството. Сепак, тимот од Скопје водеше со средината на полувремето, па веднаш потоа дојде до израмнување на 7:7. И после ова гостите водеа, но како наближуваше финишот на првото полувреме стануваше јасно дека на полувреме нема да има поголема предност од еден гол.

Резултатската тензија донесе нерешени 14:14 така што вториот дел стартуваше без предност за некој од тимовите.

Гостинскиот состав прв дојде до предност на стартот на вторите 30 минути. Следуваа два гола за 14:16, а потоа водството беше зголемено. Бутел Скопје стигна до највисоки 21:16, но не успеа да ги задржи за да има мирна завршница.

Како што се доближуваше финишот така работите се менуваа, па тимот на Еурофарм Пелистер 2 почна да ја намалува негативата. Дојде до еден гол на осум минути до крајот, 23:24. До крајот имаше уште по два гола на двете страни, а Еурофарм Пелистер го имаше последниот напад за реми. Истиот не беше искористен, па на крајот гостите ги однесоа бодовите од овој дуел.

17 април 2021
25 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
17 април 2021 16:31 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 17.04.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21425Пораз
БУТЕЛ1426Победа

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Игор Петковски-00
8Павле Атанасијевиќцентрален бек16
9Васко Димитровскипивот01
10Христијан Митревскидесен бек00
12Филип Ивановскиголман00
13Павле Петровиќдесен бек03
19Стефан Андонов-00
22Иван Димитровскилево крило20
23Стефан Талевскицентрален бек07
24Никола Стоилевскидесно крило03
33Петар Атанасијевиќлев бек11
51Димитар Бардакоскиголман00
55Стефан Дрогришкилев бек03
88Димитриј Блажевскидесен бек00
99Филип Арсеновскипивот11
 Вкупно 525

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
6Јовица Младеновскилев бек11
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек23
9Марко Божиновскилево крило02
10Марко Митевцентрален бек00
14Бојан Спасовскипивот10
15Златко Мојсоскидесно крило00
17Бојан Спасовскидесен бек06
18Христијан Милошевскилев бек00
22Стефан Стојчевиќпивот00
23Горан Печенковскицентрален бек04
24Златко Даскалоскиголман00
26Душан Трифковиќ-02
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот01
34Кристијан Василевскипивот12
64Мирко Мајиќлево крило15
 Вкупно 626

Officials

Судии:Делегат:
ГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515