Ракометарите на Мотор Запорожје остварија нова победа во СЕХА лига натпреварувањето откако на домашен терен ја совладаа екипата на Нексе со 36:30 и после два порази повторно се вратија на победничките патеки со што го визираа првото место во Групата Б.
Хрватскиот тим имаше одлично прво полувреме, а во најголемиот дел беше во предност. Нексе рано стигна до предност од четири гола, за првпат во 10. минута кога Пешиќ погоди за 8:4. Мотор немаше вистинска против игра и во 15. минута Нексе стигна до највисоки пет позитива, 11:6.
До крајот на првиот дел украинскиот тим успеа да ја намали негативата, а во 28. минута дури стигна до израмнување кога беше 14:14. Сепак, гостите се изборија во завршните две минута да заминат на одмор со водство од два гола и на паузата имаа 17:15.
Прсвртот на Мотор почна веднаш на почетокот на второто полувреме. Со серија од 3:0 домашниот тим го презема водството и во продолжение постојано го зголемуваше. Веќе во 40. минута беше пет гола предност за Мотор, 25:20. До крај на натпреварот тимот од Запорожје го сочува водството и оствари сигурна победа.
Најефикасни во составот на Мотор беа Касаи и Минотски со по шест гола, а одличен на голот беше Мороз со 15 интервенции. Во тимот на Нексе се истакнаа Кевиќ со шест и Пешиќ со пет гола, додека Радовановиќ имаше девет одбрани.
СЕХА ЛИГА – ГРУПА Б
ТАБЕЛА