Капитенот и селектор на Македонија и ракометар на Нант, Кирил Лазаров од денеска е рамо до рамо со Арпад Штербик на врвот на листата на ракометари со најмногу настапи во Лигата на шампионите. Тој во моментов го игра 249 натпревар и сега има исто колку и легендарниот голман.
Лазаров е и најдобриот стрелец на сите времиња во Лигата на шампионите, па сега се наоѓа на врвот на двата трона и постави бројки кои се неверојатни. Тој до овие бројки стигна играјќи во најсилното клупско натпреварување во дресот на тимовите на Борец, Пелистер, Загреб, Вепрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант.
Со оглед на тоа што следната седмица следува и реваншот тогаш ќе биде осамен на врвот со 250 средби така што уште повеќе ќе ги подобри бројките.
Во топ 10 на вечната листа се наоѓаат големи имиња на европскиот и светски ракомет така што ова е само доказ за неговата големина. Меѓу овие играчи е и Тимур Дибиров кој утре го игра натпреварот број 218 во Лигата на шампионите.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – НАСТАПИ
ВЕЧНА ЛИСТА (ТОП 10)
249 – Кирил Лазаров
249 – Арпад Штербик
240 – Тиери Омејер
237 – Никола Карабатиќ
225 – Јонас Калман
217 – Тимур Дибиров
215 – Виран Морос
214 – Виктор Томас
210 – Мирсад Терзиќ
207 – Мирко Алиловиќ
207 – Жоан Канељас