Ракометарите на Вардар сосема очекувано обезбедија победа и против Радовиш во натпреварот од Купот на Македонија со 35:32 и на тој начин станаа првите учесници на завршниот турнир во Купот на Македонија.
После победата против ГРК Тиквеш, денеска забележаа и втора против Радовиш, па очекувано успешно ги решија двобоите од Групата В.
Кој ќе победи во финалниот дуел од групата беше јасно уште пред почетокот на средбата, а како се одвиваа работите средбата имаше интересен тек бидејќи вардарци не форсираа, па радовишани добија можност за убав натпревар.
На почеток беше израмнето. Радовиш израмни на 1:1 и 2:2, а потоа следуваше 4:0 за „црвено-црните“ кои ја одржуваа предноста, а во еден момент стигнаа и до плус седум, 15:8. Овие седум гола им дадоа сигурност, а без проблеми ја одржаа и на полувреме кога имаа 19:13.
Во вториот дел гостите од Радовиш искористија можност и почнаа да се доближуваат. Дојдоа до три гола негатива во моментите кога Вардар беше во предност со 29:26. Сепак, овие три погодоци разлика беше тешко да бидат намални повеќе бидејќи вардарци знаеја да ги зачуваат.
Пред самиот крај резултатот беше 34:32, но веќе беше и повеќе од доцна за нешто повеќе, па на крајот беше 35:32 за Вардар со што беше обезбеден нов пласман на Ф4 турнирот во Купот каде до крајот на оваа седмица ќе бидат познати и другите три состави.
ВАРДАР – РАДОВИШ 35:32 (19:13)
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
ВАРДАР: Кизиќ, Ристовски, Шеваљевиќ 1, Валчак 3, Јагуриновски 4, Димитриоски 4, Карапалевски 3, Дисингер, Јотиќ 3, Калараш,Талески 5, Векиќ 6, Атанасовски 6, Мишевски, Георгиевски.
Седмерци: -, Исклучувања: 2 мин.
РАДОВИШ: Паунов, Ристов, Стојановски 1, Марков 1, Ѓорѓиев 2, Постолов 5, Кобеиси 2, Спасов, Трајковски, Чапов, Трајанов, Илиев 9, Лојанчиќ 10, Ачимовиќ 2, Ситноски
Седмерци: 1/1, Исклучувања: 4 мин.