Тимот на Радовиш ќе му биде противник на Вардар во финалниот дуел од групата В во Купот на Македонија, откако славеше над Астраион со убедливи 24-39.
Неивесно беше само на стартот, додека беше 4-5, а потоа избраниците на Андон Бошковски се одлепија на плус шест, 4-10. До крајот на полувремето предноста на радовишани се искачи на плус 14, 9-23.
Второто полувреме беше само формалност, па шанса за настап добија сите ракометари од двете клупи.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Илиев со осум погодоци и Филип Трајанов со шест, додека кај Астраион се истакна Славе Јанковски со 14 погодоци. Финалето меѓу Вардар и Радовиш се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.