Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.
Сезоната е долга, веќе има многу неизвесни дуели во и во битката за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари и во продолжение од сезоната.
Ние ги одбравме најдобрите седум а 2. коло, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 14 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ
РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО
ОХРИД – ВАРДАР 19:23 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 28:23 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – МЕТАЛУРГ 28:28 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРОЛЕТ 21:23 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ
РЕЗУЛАТИ ОД 2. КОЛО
РАБОТНИЧКИ – ПРИЛЕП 29:26 (ИЗВЕШТАЈ)
ГРК ТИКВЕШ – АСТРАИОН 39:25 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – МЛАДОСТ 22:23 (ИЗВЕШТАЈ)
КЛ 7 – ЈУНИОР КВ 37:36 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО
ГОЛМАН: Мартин Јовановски (Струга) – Струга обезбеди реми од 28:28 против Металург, а голманот Јовановски беше меѓу најзаслужните. Тој успеа да забележи 15 интервенции на овој натпревар.
ЛЕВО КРИЛО: Давор Палевски (Пролет 62) – Левото крило на Пролет доминираше во нападот на дуелот против втората екипа на Еурофарм Пелистер. Со осум гола беше убедливо најефикасниот.
ЛЕВ БЕК: Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер) – Пред утрешниот дуел против Магдебург во Лигата на Европа, Мандалиниќ покажа дека се враќа во гол форма. Со осум погодоци ги предводеше колегите до победа против Бутел.
ЦЕНТРАЛЕН БЕК: Богдан Николиќ (Струга) – Во освојувањето на големиот бод против тимот на Металург голема улога имаше и централниот бек, Николиќ. Тој седумпати ги матираше металурзите и беше одличен лидер во нападот.
ДЕСЕН БЕК: Вања Смиљаниќ (ГРК Тиквеш) – Кавадарчани се промовираат во тим за првото место во плеј-аутот, а во победата над Астраион, Смиљаниќ имаше свој ден. Постигна девет гола.
ДЕСНО КРИЛО: Гоце Георгиевски (Вардар) – Вардар имаше тешка средба на гостувањето во Охрид, но успеа да дојде до победа. На овој дуел репрезентативецот на Македонија имаше одличен настап и осумпати погоди во голот на охриѓани.
ПИВОТ: Руслан Хончаров (Младост 1977) – Составот на Младост од Богданци се врати со големи три бода од Радовиш. Пивотот Хончаров одработе одлична средба како и повеќето од играчите кои имаат поголема минутажа.