Еурофарм Пелистер води на паузата кај Вибжеже Гдањск!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер води со 17-16 по првиот дел на мечот против Вибжеже Гдањск од второто коло во Лигата на Европа.

Домашните отворија со 2-0, но битолчани потоа ја зацврстија одбраната, во нападот лесно доаѓаа до позиција и направија серија од пет гола по ред за 5-2. Беше и 6-3, пред Гдањск да остане без Гебала, кој доби казна од две минути.

Toа не го искористи македонскиот вицепрвак и домашните успеаја да се вратат во егал на 6-6. Н’танзи и Кузмановски диригираа во нападот на битолчани и се играше гол за гол, а Хеидарирад беше одличен на голот.

Но и домашниот голман Жембрицки исто така беше солиден, па не дозволуваше Еурофарм Пелистер одново да се одлепи. Червар ги ротираше сите ракометари, па играа и Ристевски, Серафимов, Калајџиески…

По 8-8 имаше дури осум израмнувања на резултатот до 16-16 на влезот на последната минута. Кузмановски тогаш со играч на грбот погоди во голот на Гдањск, Хеидарирад фати „жива топка“ на домашните, но нашиот тим не реализира во последниот напад и на пауза замина само со плус еден, 17-16.