Екипата на Вардар го одигра својот најлош натпревар во последните неколку години откако денеска после катастрофалните почетни десет минити одигра премногу лошо и претрпе пораз од 23:30 против тимот на Мотор.
Дека ќе биде тешко на гостувањето во Запорожје беше јасно уште пред патувањето за Украина. Ракометарите беа свесни за она што ги очекува, но очигледно никој не очекуваше дека средбата ќе биде така лошо отворена. Момците влегоа со 0:6, а првите гол го постигнаа дури во 11. минута.
Оваа негатива од шест погодоци растеше постојано и немаше никакви шанси за да се дојде до намалување на преголемата разлика. Се играше многу тешко и акциите тешко поминуваа покрај добро подготвениот противник. На сето тоа се надовра и лошата игра во одбрана, па тоа овозможуваше Мотор постојано да биде во голем плус и на одмор да има предност од 16:9.
Големото заостанување од првото полувреме стана уште поголемо во продолжението. Во 41. минута разликата беше десет гола, а тогаш резултатот беше 13:23. Тука веќе беше јасно дека ова ќе биде тежок пораз. Вардарците делуваа лошо на теренот и речиси и да немаше расположен играч за да дојде до нешто повеќе.
Ова беше далеку поинаква екипа од онаа што дојде до победа против Елверум. Тоа само ги зголемуваше проблемите за Алушовски бидејќи тешко можеше да најде постава која ќе донесе нешто повеќе на теренот. Иако имаше моменти на мал блесок на Карапалевски, сепак, тоа се загуби во лошиот ден на повеќето ракометари на Вардар.
На крајот резултатот беше 23:30 и ова беше тежок пораз за Вардар во СЕХА лигата.
СЕХА ЛИГА – ГРУПА Б
ТАБЕЛА