Смртта на легендата на хрватскиот ракомет, Златко Сарачевиќ, со неверување и шок беше дочекана насекаде.
Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Славко Голужа…и уште многу други не можат да поверуваат дека изгубија пријател, соработник..
„Не разбирам, навистина не разбирам, јас сум во шок. Знам дека не беше болен. Беше пример за тренерска професија, спортски дух, олимписки победник, тој беше и мој асистент на Европското првенство во 2018 година. Тој беше пред се човек. Никогаш не кажа лош збор за никого и никој за него не можеше да каже нешто лошо. Ова е навистина тежок удар за ракометот, Загубивме еден голем човек, спортист, тренер. Златан беше навистина голем човек“, вели Червар за „Спортске Новости“.
Екс македонскиот селектор Веселин Вујовиќ исто така беше шокиран од веста…
„Не можам да верувам. Едвај го преживеав заминување на Златко Портнер пред неколку месеци, па пред два дена на Балашевиќ, со кој бев голем пријател. Што ни се случува? Хорор над ужасите, шок над шоковите. Сарач…каков човек беше тоа, јуначиште. Тоа специфично бањалучко чувство за хумор, а топол и добар како леб. Јас освоив се со него. Бевме јуниорски и сениорски светски шампиони. Заедно освоивме медал на Олимписките игри, а ми беше асистент во Загреб. Тој беше повеќе од пријател за мене. Гледајќи наназад, оваа проклета година однесе толку генијални луѓе кои толку многу не задолжија. Сега дојде ред на Златко. Немој да се лутите, но не можам да престанам да плачам“, вели Вујовиќ за хрватските медиуми.
59-годишната легенда почина во болницата во Копривница, непосредно по натпреварот на Подравка против Локомотива Загреб.