Судискиот пар, Марјан Начевски и Драган Начевски добија наследници во Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Но дали и во новите генерации има судиска двојка која може да ја продолжи успешната низа. Маки вели дека гледа наследници.
„За жал имаме многу малку нови генерации на судии. Ретко кој сака да суди. Судиската такса е мала и не е привлечна за нив, а од друга страна и во младински категории добиваат многу навредливи зборови на нивна сметка. Сепак од она што го имаме во моментов мислам дека имаме наследници. Славе и Наче се веќе етаблирани со својот квалитет, а мојот син Виктор Начевски и неговиот партнер Даниело Божиновски се на добар пат да ги наследат нив. Од она што го гледам во Европа, но и што ми кажуваат не само колегите, туку и играчите го заклучувам тоа. Знаете играчите се најдобри критичари… Мојот совет до сите нови генерации на судии е дека ракометот се игра за играчите, а не за вас. Им велам: ’Немојте никогаш да се ставате во центарот на вниманието, затоа што најдобар судија кој е? Оној кога ќе те прашаат утре, кој судеше вчера на натпреварот, ако одговорот е не знам, тогаш е најдобро.’ Оној судија кој е најнеприметлив, тој е најдобар.”
Во продолжение прочитајте го интервјуто со Марјан Начевски…
ИНТЕРВЈУ МАРЈАН НАЧЕВСКИ: Ракометот е посилeн од мене – без него не можам да живеам