Двете пријателски средби кои на крајот од декември требаше да бидат одиграни во Скопје меѓу Македонија и Египет се откажани, а причината е во тоа што „фараоните“ се откажаа од патот за Македонија.
Поради лошата ситуација која владее низ целиот свет и понатаму и пандемијата со Ковид 19, сепак, беше донесена одлука да се остане дома и да се довршат подготовките за Мундијалот на кој Египет е домаќин. „Фараоните“ не сакаа да ризикуваат и на тој начин пропаднаа двете контроли со Македонија.
Кога би патувале во Македонија ракометарите би требале да менуваат неколку авиони, а притоа би имало и контакти со голем број на други лица со што би се зголемила опасноста од добивање на вирусот.
Затоа падна одлука да не се патува, па пропаѓаат двете контроли кои беа договорени и Македонија ќе треба да најде нов спаринг партнер за овој период за да може да се исконтролира формата на оние играчи кои ќе се најдат на подготовките од 24 декември.