Еурофарм Пелистер освои само еден бод против Кадетен Шафхаузен, 25-25, иако во првото полувреме водеше и со седум голови разлика.
Десното крило Ненад Костески смета долгата пауза без тренинзи поради проблемите со коронавирусот оставила траги врз неговите соиграчи.
„Одигравме одлично во првото полувреме, водевме шест разлика на паузата, но ни се случи падот во второто полувреме. Имавме доста заразени играчи со коронавирус, немавме доволно време за подготовки и сето тоа си го зема данокот. Жал ми е затоа што не победивме на овој меч, бидејќи го заслуживме триумфот“, изјави Костески.
Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето во Манхајм, кај тимот на Рајн Некар Левен.
Еурофарм Пелистер испушти плус седум, само со реми против Кадетен
Бабиќ: За да победиме, мора да играме на исто ниво цел натпревар!
Мараш: Бевме перфектни во првиот дел, а потоа не стигна заморот
Многу драма во Битола, но само бод за Еурофарм Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)