Бабиќ: За да победиме, мора да играме на исто ниво цел натпревар!

Еурофарм Пелистер пропушти висока предност од седум гола и на крајот мораше да се задоволи само со бод од натпреварот против Кадетен Шафхаузен, кој заврши 25-25.

Тренерот Жељко Бабиќ посочи дека екипата немала можност да тренира поради проблемите со коронавирусот, но и дека е задоволен од бодот на крајот.

„Ова е добар резултат за нас, но и за Кадетен. Не можевме да тренираме последните десетина дена поради коронавирус и тоа се почувствува. Беше многу тешко да се игра против Кадетен, особено во второто полувреме. Немавме добри движења, бевме премногу статични или игравме еден на еден. Тоа противникот знаеше како да го искористи. Лигата на Европа е сериозно натпреварување, мора да бидеш подготвен да играш на исто ниво цел натпревар, ако сакаш да победиш“, вели Бабиќ.

Следен предзвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето кај составот на Рајн Некар Левен.

Еурофарм Пелистер испушти плус седум, само со реми против Кадетен

Мараш: Бевме перфектни во првиот дел, а потоа не стигна заморот

Костески: Заслуживме да победиме

Многу драма во Битола, но само бод за Еурофарм Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)