Ракометарите на Еурофарм Пелистер мораа да се задоволат само со еден бод, откако мечот со Кадетен Шафхаузен заврши 25-25.
Битолчани водеа во првиот дел и со плус седум, но гостите направија комплетен камбек во второто полувреме. Десниот бек Матео Мараш смета дека за победа требаше две одлични полувремиња.
„Одигравме перфектно во првото полувреме, но во второто нè стигна заморот поради долгото време без тренинг поради коронавирусот. Противничката одбрана беше цврста и ни создаде проблеми. Ако сакате да победите во натпревар од Лигата на Европа, мора да се игра квалитетно во текот на сите 60 минути“, изјави Мараш.
Следен предизвик за Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа ќе биде гостувањето во Манхајм кај Рајн Некар Левен.
Бабиќ: За да победиме, мора да играме на исто ниво цел натпревар!
Еурофарм Пелистер испушти плус седум, само со реми против Кадетен
Многу драма во Битола, но само бод за Еурофарм Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)