Ракометната федерација на Македонија ги извести сите клубови од Суперлигата, Прва лига и Женска лига декa oд денеска сите натпреварувања се ставаат во мирување.
Тоа се должи на измените во протоколот за организација на спортски натпревари во услови на пандемија кој беше официјализиран во текот на вчерашниот ден.
По донесувањето на најновите измени во законот за превенција од пандемијата на коронавирусот со кои од Комисијата за заразни болести беше препорачано ПЦР тестови за секој клуб најмалку на 72 часа пред секој натпревар.
Јасно е дека големо е незадоволството кај клубовите по ваквата препорака, но веројатно РФМ ќе им излезе во пресрет како секогаш.
Кога РФМ ќе го усогласи нејзиниот протокол за ракометните натпревари со општтиот протокол, ќе бидат создадени услови за организација и ќе може да се играат натпревари во сите лиги.
Во Првата лига завршија натпреварите од регуларниот дел, со две одложени средби кои треба дополнително да се доиграат, додека во Супер лигата и во Женската лига остануваат за доигрување повеќе одложени средби.