Ивано Балиќ се враќа, доби нова функција

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња и предводник на златната генерација на репрезентацијата на Хрватска, Ивано Балиќ се враќа со нова функција.

На предлог на Лино Червар, тој добива нова задача и во иднина ќе биде на селекторската позиција во јуниорската репрезентација. Тој требаше деновиве да ги собере момците и да дебитира, но поради зголемениот број на позитивни случаи со коронавирусот дојде до откажување на собирот.

Балиќ доаѓа на оваа позиција со скромно тренерско искуство, но добро му се познати случувањата во репрезентацијата бидејќи до пред две години беше координатор на сите репрезентации и ракометарите се задоволни од тоа како ја извршувал оваа задача.

Младите играчи кои се дел од националниот тим на Хрватска особено во јуниорскиот состав се задоволни од тоа што ќе го имаат Балиќ за селектор бидејќи веќе добро соработувале и сега само добиваат познато име на клупата.