Еден од фаворитите за место во баражот за Суперлигата следната сезона – Вардар Неготино, забележа две победи на пријателските натпревари.
Избраниците на Никола Филипов Фујка, најпрво во Неготино го победија Партизан Гевгелија со 35-26, откако и на полувреме водеа со 18-12.
Во текот на вчерашниот ден, неготинци победија и на гостински терен кај Борец во Велес со 21-25.
Тие ќе ги стартуваат официјалните натпревари на 25 септември, а се наоѓаат во групата Б со Куманово, Делчево, Партизан, Металург РА, Македонија ЃП, Скопје и Текстилец.