Норвешкиот првак Елверум што ќе биде прв гостин во Скопје на дуелите од Лигата на шампионите, одигра тест натпревар.
Избраниците на Борге Лунд загубија од составот на Колстад со 28-29, а на полувремето исто така водеше гостинскиот тим со 15-17. Овој дуел се одигра пред 200 навивачи.
Елверум се уште го нема на располагање најголемото засилување Лук Абало, па во негово отсуство се истакнаа Александер Блонц со седум голови и Доминик Мате со пет.
Норвежаните ќе гостуваат во Скопје на прв дуел со европскиот шампион Вардар на 24 септември во 20:45 часот.