Кралската ракометна федерација подели 200.000 евра

Екипите кои се натпреваруваат во најсилната лига на Шпанија во женска конкуренција ќе поделат вкупно 200.000 евра.

Овие пари се распределуваат во однос на обврските на тимовите да исполнат условите за работа на ракометарките.

Најголемиот дел од „колачот“ ќе и припадне на екипата на Бера Бера, која добива 25.713 евра. Потоа следува Гран Канарија со 24.408 евра, па Гуардес со 22.451 евро.

На фотографијата може да се видат сите екипи кои учетвуваат во распределбата на финансиите од страна на Ракометната федерација на Шпанија.