Желбата е голема, местото примамливо: Сите сакаат да го наследат Лино Червар!

Дека Хрватска ќе мора наскоро да бара нов селектор веќе и не е тајна бидејќи Лино Червар одработе уште еден одличен мандат и ќе биде на оваа позиција до Олимписките игри во Токио следното лето.

Прашањето е што ќе се случува потоа и кој ќе биде неговиот наследник. Интересна изјава околу ова прашање има неговиот асистент во националниот тим, Хрвоје Хорват.

На прашањето, во интервју за „Спортске Новости“, дали се гледа на местото селектор на Хрватска еден ден тој одговори потврдно.

„Верувам дека бројот на тренери во Хрватска кои не се гледаат како селектори е мал. За мене тоае сон и голема желба. Кога нешто доволно сакаш тогаш тоа и се исполнува“, коментира Хорват.

Засега Хорват е тренер на Нексе и помошник на Червар во репрезентацијата, а нема да биде чудно тој да биде наследникот на познатиот стратег.