Поранешната ракометарка од Данска, Камила Андерсен имаше богата кариера, откако заврши со играњето работи како стручен коментатор на ДР Спорт и има своја туристичка агенција „Травел сенс“.
Андерсен со својата сопруга Шарлот Педерсен купија луксузен стан во елитниот дел на Копенхаген за помалку од 800.000 евра. Според данските медиуми тие за кратко време го продале и заработиле голема сума пари.
Станот беше пуштен во продажба во јануари по цена од 1.200.000 евра, а продажбата беше реализирана во мај. Купувачот за овие пари доби лускузен стан од 112 метри квадратни на 12-ти кат со прекрасен поглед.
Конечната цена по која е продаден станот не е објавена, но се претпоставува дека е околу поставената цена, со ова Камила и нејзината сопруга заработија околу половина милион евра. Станот се наоѓа во најскапиот дел на Копенхаген каде што некои актери имаат свои станови.
Андерсен во кариерата има освоено европско и светско првенство, а исто така е двократен олимписки победник со репрезентацијата на Данска. Таа беше дел од националниот тим во периодот од 1993 до 2000 година кога Данска бележеше големи успеси.