Вчера започна анкетата на ЕХФ за најубав дрес кој се појавил во ЕХФ Лигата на шампиони, и веќе заврши првата рунда.
Дресот на машкиот тим на Вардар во првата рунда го „победи“ оној на Копенхаген, додека дресот на ЖРК Вардар го мина првиот филтер против Виборг.
Втората рунда започна синоќа и ќе трае до денеска до 10:30 часот. Дресот на РК Вардар се бори со оној на Нант, а дресот на ЖРК Вардар ќе се бори за четвртфинална рунда против норвешкиот Вајперс Кристијансанд.
Гласајте за дресовите на Вардар и ЖРК Вардар ТУКА.