Најдобриот стрелец на Еурофарм Пелистер во сезоната што заврши, Владислав Остроушко е пред камбек во Романија.
Украинскиот репрезентативен лев бек има понуда од клубот што порано беше македонска колонија, Констанца. Овој тим е предводен од некогашниот стратег на Еурофарм Пелистер – Ѓорѓе Чирковиќ, кој многу добро ги знае квалитетите на Остроушко.
Констанца според пласманот на табелата во Романија, треба да игра во ЕХФ Купот, но побара место во Лигата на Европа и најверојатно ќе го добие.
Доколку се реши да ја прифати понудата на Констанца, за Остроушко тоа ќе биде камбек во Романија, каде играше за Баја Маре, а лани требаше да биде дел од Дунареа Калараши.