Кој е најдобриот Ф4 во историјата? Номинирани се сите каде што играа двете екипи на Вардар!

Завршните турнири во Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција го извлекуваат најдоброто од екипите учесници во Келн и Будимпешта. Европската ракометна федерација во отсуство на официјални натпревари, направи интересна анкета – кој е најдобриот Ф4 досега?

Во игра се сите досега одржани завршни турнири, вкупно 16 – 10 во Келн во машка конкуренција и 6 во Будимпешта во женска конкуренција.  Гласањето ќе се одвива по систем на елиминација исто како што би се играле натпреварите – најпрво осминафинале, па четвртфинале, полуфинале и финале,

Тоа започна вчера од 10:00 часот, а трае денеска до 15:00 часот за осминафиналето. За оние турнири што ќе обезбедат место во четвртфиналето ќе може да се гласа од денеска од 15:01 часот до утре до 16:00 часот. Термин за гласање за полуфиналните двобои е од 4 јуни, 16:01 часот до 5 јуни, 16:30 часот.

Главното гласање меѓу најдобрите два завршни турнири ќе се одвива од 5 јуни, од 16:31 часот и ќе трае до 7 јуни до 18:00 часот, кога ќе биде прогласен најдобриот завршен турнир во историјата. Македонија беше претставена од шампионот Вардар на три турнири досега (2017, 2018 и 2019), додека ЖРК Вардар учествуваше пет пати на завршните турнири (2014, 2015, 2016, 2017 и 2018). За сите тие турнири може да гласате на следниот ЛИНК.