Веселин Вуковиќ три и пол години помина на клупата на репрезентацијата на Србија и за тој период забележа одлични резултати. Под негово водство е последниот медал на репрезентацијата од големите натпреварувања.
Покрај сребрениот медал на Европското првенство кога Србија беше домаќин, Вуковиќ ја однесе репрезентацијата и на уште четири големи натпреваувања вклучувајќи ги и Олимписките игри во 2012 година во Лондон.
Освојувачот на две титули европски шампион со Металопластика сега ја предводи екипата од клупата, но Вуковиќ смета дека премалку се вложува во ракометот во Србија и доколку се обезбедат средства како што е тоа случај во кошарката сигурно би биле на врвот на Европа.
„Успехот е нешто што прави позитивна атмосфера, тоа е мојот став. Тоа му го реков и на претседателот на Олимпискиот комитет, секогаш кога имам можност да зборувам со некој функционер или политичар апелирам да вложат малку повеќе пари во ракометот. Со половина од парите кои ги трошат Црвена Ѕвезда и Партизан во кошарката, во ракометот би можеле да имаме првак на Европа. Пазарот е таков, цените се пониски, а нашиот народ сака ракомет. Ние во Шабац се навикнавме да имаме најквалитетни деца, но мораме да сфатиме дека имаме и фудбалери во елитната лига на Србија, исто така и ватерполо тим, борење, кошарка, тенис, осбојка. Борбата е да добиете квалитетно дете, но и понатаму имама иднина бидејќи сме надарени за екипни спортови“, рече Вуковиќ.
Изминатава сезона Вуковиќ за кратко време успеа да го унапреди тимот на Металопластика, а исто така забележа солидни резултати во СЕХА лигата.