Тешката финансиска ситуација во која се најде екипата на Киф Колдинг беше причина еден од првите кои ќе си заминат да биде главниот тренер на тимот, Швеѓанецот Улф Сивертсон.
Од клубот истакнуваат дека им е жал поради новонастанатата ситуација, но дека мораат да ја прекинат сосработката бидејќи клубот не може повеќе да му ја исплаќа платата. Управата побарала и смалување на платата за 50% на сите ракометари со оглед на тоа што ракометната сезона во Данска е откажана.
Во следниот период ќе мора да се побараат нови спонзори бидејќи оние инвеститори кои го имаат преземано клубот во 2018 година одлучиле да се повлечат од спонзорирање на клубот.
Се работи за клуб кој има 14 титули во првенството на Данска, а тоа е апсолутен рекорд. Има и осум титули од Купот на Данска.