Црногорската репрезентативка Сања Премовиќ ако продолжи во ист ритам, веројатно ќе стане рекордерка по број на клубови во кои играла низ кариерата.
Таа потекнува од Будуќност, играше за српската Наиса, норвешкиот Фредрикштад, како и полскиот Заглебје Лубин.
Потоа десниот бек се врати во матичниот црногорскиот првак, каде што ја почна сезоната, но не успеа да се избори за минутажа со Барбара Лазовиќ во Будуќност и замина во унгарскиот тим Кишварда.
Таму одигра само пет меча, пред да се пресели на крајот на преодниот рок во словачкиот тим Хувента Михаловце.
За овој клуб одигра само два меча, пред да се случи прекинот поради коронавирусот. Од следната сезона ќе настапува во романската Дунареа Браила, иако имаше понуда и од руската Лада Тољати.