Двете македонски интернационалки, Стефанија Мишевска и Андреа Белеска, кои пред неколку дена ја завршија сезоната во шведскиот Боден, вечерва безбедно се вратија во Македонија.
Поради ситуацијата со коронавирусот и затворањето на скопскиот аеродром не можеа да се качат на авионот за Скопје, иако имаа чекирани билети, па мораа долго време да минат на аеродромот во Копенхаген.
Сепак тие се снајдоа со нови билети од данската престолнина до Солун, а оттаму по копнен пат се вратија во татковината.
Мишевска и Белеска доаѓаат од Шведска, земја која спаѓа во средно ризичните и ќе мора да минат две седмици во изолација.