Карачиќ му ја предаде СЕХА круната на Дибиров Трети (ФОТО)

Откако медиа тимот на СЕХА лигата пред три сезони реши да ја воведе наградата „Крал на СЕХА“.

Досегашните крунисани кралеви се ракометари на Вардар. Во првата сезона тоа беше Лука Циндриќ, а лани таа титула му беше доделена на Игор Карачиќ.

И третата година, победник во овој избор е член на „црвено-црниот“ тим.

Станува збор за Тимур Дибиров, кој ќе биде крунисан за време на завршниот турнир во регионалната лига во Задар.