Куп на ЕХФ: Кузмановски и Магдебург на максимум

После четири одиграни кола во Купот на ЕХФ ситуацијата полека станува јасна, а три екипи се на чекор од првото место што воедно значи и сигурен пласман во елиминациите.

Досега со по четири победи се составите на Бенфика, Рајн Некар и Магдебург и тие се на чекор од пласман во елиминациите. Ова значи дека Филип Кузмановски е сигурен, а Кирил Лазаров и Нант ќе треба допрва да се изборат за место во следната фаза.

Сите резултати од 4. коло од Купот на ЕХФ можете да ги погледнете во продолжение како и табелите од четирите групи.

КУП НА ЕХФ

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

ГРУПА А

ГВАРДИЈА ОПОЛЕ – БЕНФИКА          23:30

Мауер 5, Џијалакиевич 3, Јанковски 3 – Ѓорѓиќ 8, Маркес 7, Карваљо 3

МЕЛЗУНГЕН – БЈЕРИНБРО      35:33

Мариќ 9, Кун 8, Микелсен 5 – Нодесбо 9, Хансен 6, Нилсен 6

ТАБЕЛА: 1. Бенфика 8 бода (121:97); 2. Мелзунген 4 (118:118); 2. Бјерингбро 4 (124:128); 4. Гвардија Ополе 0 (97:117).

ГРУПА Б

РАЈН НЕКАР – КУЕНКА 36:25

Шмид 8, Колбахер 7, Грецки 5 – Дутра Фереира 7, Алвес Пончијано 5, Суарез Дијаз 4

НИМ – ХОЛСТЕБРО         33:28

Пранди 7, Тоби 7, Хишам Санад 5 – Браминг 7, Мекленборг 7, Ендерлајт 4

ТАБЕЛА: 1. Рајн Некар 8 бода (136:111); 2. Ним 5 (123:117); 3. Куенка 3 (111:125); 4. Холстебро 0 (110:127).

ГРУПА Ц

ГОРЕЊЕ – АДЕМАР ЛЕОН        30:25

М. Кавчич 9, Вердинек 7, А. Кавчич 6 – Лопез Алварез 5, Луцин 5, Перез Арце 5

МАГДЕБУРГ – НАНТ       29:28

Дамгард 10, Петерсон 5, Муше 4 – Мине 10, Балагер 3, Њокас 3

ТАБЕЛА: 1. Магдебург 8 бода (123:109); 2. Нант 4 (125:116); 3. Горење 4 (110:115); 4. Адемар Леон 0 (103:121).

ГРУПА Д

ФУКСЕ БЕРЛИН – ЛОГРОЊО ЛА РИОХА   33:26

Милер 8, Линдберг 5, Холм 4 – Гарцијандија 6, Кусан 6, Дапиран 3

ЕКС АН ПРОВАНС – ТАТАБАЊА       26:22

Гони Леоз 5, Клер 4, Кавтичник 4 – Хорњак 4, Комогоров 4, Холперт 3

ТАБЕЛА: 1. Фуксе Берлин 5 бода (110:102); 2. Татабања 4 (102:100); 3. Екс ан Прованс 4 (99:102); 4. Логроњо Ла Риоха 3 (106:113).