Во 4. коло од Купот на ЕХФ главниот настан за нас беше во Магдебург каде што Филип Кузмановски го пречека Кирил Лазаров. И овој пат исто како и минатата недела победата му припадна на составот на Магдебург кој дојде до триумф од 29:28 со што останува на врвот со максимални осум поени.
Екипата на Магдебург беше во водство од првата минута, но имаше проблеми да го зачува водството бидејќи составот на Нант до крајот беше во битка за подобар резултат. Сепак, домашните знаеја како да издржат и да го зачуваат водството.
Кузмановски имаше нова забележителна партија. Во првиот дел имаше два гола од два обиди, а мечот го заврши со 2/3. Добива сè повеќе време на теренот така што покажува дека влегува во форма. Кирил Лазаров за тимот на Нант имаше реализација 2/5.
Нант ќе мора да надомести на средбите против Горење и Адемар Леон и да се избори за пласман во четврт-финалето.