Полскиот вицепрвак Висла Плоцк според очекувањата славеше висока победа на гостувањето кај Азоти Тарнов со 16-33, но има еден податок од овој натпревар што ќе остане запишан во полската ракометна историја.
Десното крило во тимот на Чави Сабате – Микал Дашек, на овој дуел постигна дури 18 погодоци што е нов рекорд во полскиот шампионат и за еден повеќе од досегашниот на членот на Келце, Аркадиуш Морито.
Неговите 18 погодоци се повеќе од сите погодоци што ги постигнаа ракометарите на Азоти Тарнов – само 16!
Интересно е што Дашек не го одиграл целиот натпревар, а само четири од овие погодоци биле од седум метри и притоа не промашил ниту еднаш, па на крајот останува запишано дека имал 18 голови од 18 обиди.