Нексе се засилува пред двобојот со Еурофарм Пелистер во СЕХА

Заврши зимската пауза за клубовите и веќе сите ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Екипата на Нексе која е противники на Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата донесе ново засилување во пресрет на дуелите.

Јанко Кевиќ е старо-нов член на клубот. Средниот бек во Нексе помина осум години од 2004 до 2012 година пред да замине во Сисак. Потоа настапуваше уште и за Медвешчак, Ал Сад, Ал Џаиш, Висла Плоцк, Гезтепе, а последен клуб пред да пристигне во Нексе е романскиот Констанца.

Со оглед на неговото искуство, Кевиќ се очекува да бид големо засилување за Нексе за претстојните предизвици до крајот на сезоната. Минатата сезона беше избран во најдобриот тим од ЕХФ купот, а при претходниот претстој во Нашице во 2008 година беше продласен за најдобар спортист на градот.