Со завршувањето на средбите од групната фаза веќе е јасно кој против кого ќе се бори за место во финалето. Русија ќе се соочи со Холандија и ова ќе биде силна средба со оглед на добрата форма на двете селекции, а Норвешка ќе мора против Шпанките да се бори за финале.
Интересен ќе биде и двобојот меѓу Србија и Црна Гора, кој е за 5. место, но и за престиж бидејќи и двете селекции си обезбедија квалификации за Олимписки игри, па овој меч нема ништо друго освен значење само за историјата на меѓусебните дуели.
Затоа, пак, средбата меѓу Германија и Шведска ќе биде далеку повозбудлива со оглед на фактот што победникот оди во квалификации за Олимписките игри, а поразениот останува без ништо.
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ
НОРВЕШКА – ШПАНИЈА
РУСИЈА – ХОЛАНДИЈА
НАТПРЕВАР ЗА 5. МЕСТО
СРБИЈА – ЦРНА ГОРА
НАТПРЕВАР ЗА 7. МЕСТО
ГЕРМАНИЈА – ШВЕДСКА