Светско првенство: Србија и Црна Гора си обезбедија квалификации за Олимписки игри

Во последното коло од Втората фаза на Светското првенство во Јапонија репрезентацијата на Норвешка дојде до победа против Германија со што си обезбеди полуфинале, а воедно ја однесе Србија во битка за 5. место.

Ова беше важен резултат за Србинките бидејќи со него успеаја да се најдат во квалификациите за Олимписките игри така што дефинитивно е јасно дека ќе имаат шанса да се борат за следното лето одново да дојдат во Токио.

Истото важи и за Црна Гора. Оваа селекција ја совлада Шведска и си обезбеди исто така сигурно место во квалификациите за Олимписките игри.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО (ВТОРА ФАЗА)

ГРУПА 1

ЈУЖНА КОРЕЈА – ХОЛАНДИЈА  33:40 (16:23)

СРБИЈА – ДАНСКА          26:26 (14:11)

НОРВЕШКА – ГЕРМАНИЈА          32:29 (17:16)

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 8 бода (146:128); 2. Холандија 6 (153:136); 3. Србија 5 (139:151); 4. Германија 5 (135:136); 5. Данска 4 (123:124); 6. Јужна Кореја 2 (144:165).

ГРУПА 2

ШПАНИЈА – РУСИЈА      26:36 (12:16)

РОМАНИЈА – ЈАПОНИЈА             20:37 (8:18)

ЦРНА ГОРА – ШВЕДСКА              26:23 (12:12)

ТАБЕЛА: 1. Русија 10 бода (161:117); 2. Шпанија 7 (145:137); 3. Црна Гора 6 (137:137); 4. Шведска 5 (141:132); 5. Јапонија 2 (143:150); 6. Романија 0 (102:156).