Левото крило на вардарци, Димитар Димитриоски на денешниот прес пред дуелот против Татран Прешов ги соопшти очекувањата за последниот дуел на домашен терен во СЕХА лигата кој ќе биде одигран в понеделник во СЦ „Јане Сандански“.
„Ова ни е последниот натпревар годинава на домашен терен. Сакаме да го дадеме нашиот максимум на оваа средба и со победа да ја завршиме оваа година на домашен терен. Ние секогаш одиме да го дадеме максимумот и да се дојдеме до нов триумф за првото место во Групата“, коментираше Димитриоски.
Средбата против Татран се игра в понеделник од 20:15 часот, а ова ќе биде дуел, кој е претпоследен во рамки на групната фаза од СЕХА лигата.