Претстојниот викенд нема да има македонски арбитри и делегати во машката Лига на шампиони, но тоа нема да биде случај во женската елитна конкуренција.
Силвана Карбеска и Марија Илиева се делегирани од ЕХФ да делат правда на дуелот меѓу Мец и ФТЦ во Франција.
Во ЕХФ Купот ќе судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, како и Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе делат правда во Челинџ Купот.
Ацо Николовски и Камер Металари ќе бидат делегати во ЕХФ Купот.
Делегирање на македонските официјални лица:
13/11, 20:15, Вардар – Мотор Запорожје, СЕХА лига (Камер Металари)
16/11, 16:00, Малме – Фуксе Берлин, ЕХФ Куп (Димитар Митревски и Благојче Тодоровски)
16/11, 16:30, Горњик Забже – Магдебург, ЕХФ Куп (Камер Металари)
16/11, 19:00, Рамат Хашарон – Одеса, Челинџ Куп (Даниело Божиновски и Виктор Начевски)
16/11, 19:30, Мец – ФТЦ, Лига на шампиони (Силвана Карбеска и Марија Илиева)
17/11, 13:00, Плзен – Холстебро, ЕХФ Куп (Ацо Николовски)
17/11, 19:00, Одеса – Рамат Хашарон, Челинџ Куп (Даниело Божиновски и Виктор Начевски)
23/11, 20:15, Бошолт – Адемар Леон, ЕХФ Куп (Исмаил Металари и Ненад Николовски)