Младиот голман на Вардар, Марко Кизиќ уште еднаш покажа дека е во одлична форма и повторно собра многу повеќе одбрани отколку Гедбан и Кугис заедно.
Тој одработи уште еден дуел на високо ниво и полека се наметнува за минутажа и во Лигата на шампионите.
После средбата тој коментираше за одбратеното на дуелот против Мотор.
„Иако Мотор дојде со помлад состав прикажа голема борба во поголемиот дел од средбата. Не беше лесно да се победи, но успеавме иако сме со неколку повредени ракометари да го направиме. Најважно ги освоивме бодовите и продолжуваме понатаму во ист стил“, изјави Кизиќ.