Бутел Скопје имаше проблеми за да стигне до победа на дуелот против Работнички, кој имаше голем отпор во текот на сите 60 минути. До триумф се дојде дури во последните две минути така што дури тогаш беа обезбедени три бода од овој дуел и задржано 3. место на табелата. Со 28:26 кои се доказ за силниот отпор на противникот ракометарите на Бутел Скопје на крајот стигна до продолжување на одличните резултати.
Гостите имаа подобар старт на натпреварот. Први постигнаа гол на овој дуел, но потоа домашните успеаја да се вратат во ритам. Поведоа со 5:2, но потоа имаа мала криза после која Работнички имаше серија од 4:0 и дојде до водство од 6:5.
Овој гол предност Работнички го одржуваше и во продолжение од средбата и беше во константно водство. Бутел Скопје успеваше да израмни, но не и да го сврти мечот одново во своја корист. Дури во последните моменти од првото полувреме Работнички се избори за два позитива за на пауза од 13:11.
Во вториот дел од средбата Бутел Скопје долго чекаше за да се дојде до нерешен резултат и пресврт. До 21:21 ракометарите на Бутел Скопје се мачеа за да дојдат до можност да ги постават работите во своја корист, а откако успеаја да дојдат до ова веќе беше нешто полесно.
Работнички се бореше жилаво и бараше начин за да остане во игра, но во последните две минути тимот на Бутел Скопје успеа преку Ѓеоргиевски и Божиновски стигна до победа од 28:26.
БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 28:26 (11:13)
Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.
БУТЕЛ СКОПЈЕ: Даскалоски, Блажески, Димов 2, Трајковски, Младеновски 1, Стојановски 1, Ѓеоргиевски 3, Божиновски 4, Шокоски, Димовски 2, Спасовски 1, Мојсоски 3, Милошевски 1, Печенковски 1, Василевски 1, Мајиќ 8.
Седмерци: 0/2, Исклучувања: 14 мин.
РАБОТНИЧКИ: Петковски, Куртановиќ, Осман, Михајловиќ 1, Гичев 4, Фиданов, Стефаноски, Темелковски 2, Полијак, С. Кочаров, М. Кочаров, Виларов, Палевски 12, Бошковски 2, Сулима 5, Барлакоски.
Седмерци: 5/5, Исклучувања: 10 мин.