По ремито со Охрид на домашен терен во 8. коло од Суперлигата, ракометарите на Металург прославија висока победа на гостувањето кај составот на Радовиш со 22-36.
Победата беше обезбедена уште по првото полувреме, кога гостите од Автокоманда направија солидна залиха 12-17 и ја зголемуваа во вториот дел.
Крилата Милан Поповиќ, Мице Шилегов и Реваз Чантурија доминираа во нападот на Металург и заедно постигнаа 16 погодоци.
Во ростерот на Радовиш се истакна Филип Николов со седум голови.