После 3. коло во Групата 2 од Првата машка лига има три екипи кои се во битка за првото место. Сите имаат максимални девет поени откако дојдоа до нови бодови.
КЛ 7 кој има најдобра гол разлика уште во првите десет минути од средбата против Аеродром успеа да го реши дуелот така што во ниту еден момент немаше проблеми околу победникот на овој дуел.
ГРК Тиквеш беше сигурен во Гевгелија каде што рано го реши мечот, па до крајот беше прашање само со која разлика ќе биде добиен овој дуел.
Младост Богданци имаше исто така лесна задача во Велес каде што се избори за три бода, додека составот на Преспа дојде до првите бодови откако ја совлада Јехона.
Главно ова беше коло без изненадувања и сите резултати беа сосема очекувани.
ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 2
РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО
ПРЕСПА – ЈЕХОНА 28:21
(Шиклевски 7 – Николовски 5)
ГРК БОРЕЦ – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ 22:36
(Стојанов 10 – Михајловиќ 8)
КЛ 7 – АЕРОДРОМ 34:25
(Стојков 11 – Митев 12)
ПАРТИЗАН – ГРК ТИКВЕШ 22:34
(Лисичко, Јанев 5 – Коцев, Јанчев, Лазов 7)
ТАБЕЛА: 1. КЛ 7 – 9 бода (103:65); 2. ГРК Тиквеш 9 (102:65); 3. Младост Богданци 9 (82:63); 4. Аеродром 6 (87:77); 5. Преспа 3 (72:78); 6. Партизан 0 (63:82); 7. Јехона 0 (69:96); 8. ГРК Борец 0 (56:108).