Радовиш „украде“ бод од Бутел Скопје

Ракометарите на Радовиш во финишот на натпреварот стигнаа до бод, а имаа шанса и за победа против екипата на Бутел Скопје во 11. коло од Супер лигата. Натпреварот заврши 28:28.

Бутел Скопје подобро го отвори натпреварот и имаше предност во текот на првиот дел. Предността од два до три гола ја задржаа и на полувремето кога имаа предност од 12:9. Радовиш постојано беше во заостанување но и многу блиску до противникот.

Вториот дел беше многу неизвесен. Радовиш рано ја анулираше негативата и стигна до израмнување. До крајот на натпреварот се играше максимално неизвесно и израмнето. Радовиш во финишот за прв пат стигна до предност, имаше и два позитива но со два гола во завршницата Бутел стигна до бод. Во последниот напад домаќините не реализираа за победа и двете екипи освоија по бод.

Најефикасен во составот на Радовиш беше Ивица Илиев со десет погодоци, а Органџиев постигна шест погодоци. За тимот на Бутел Скопје Мирко Мајиќ десетпати реализираше, зад него втор стрелец беше Димовски со пет гола.

РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ  28:28(9:12)

Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

РАДОВИШ: Паунов, Тушев, Стојановски 1, Димов, Јованов, Ѓоргиевски 2, Долдуров, Ѓорѓиев, Постолов, Фенов, Органџиев 2, Николов 6, Ристов, Илиев 10, Трајанов, Везенковски 5.

Седмерци: 6/7. Исклучувања: 4 мин.

БУТЕЛ СКОПЈЕ: Ацев, Даскловски, Блажески, Димов, Стојановски 2, Ѓоргиевски 2, Божиновски, Шокоски, Димовски 5, Спасовски, Мојсоски 1, Милошески 3, Печенковски 2, Василевски 1, Дрпљанин, Мајиќ 10.

Седмерци: 3/6.  Исклучувања: 6 мин.