Ракометарите на Охрид остварија нова победа во 9. коло од Супер лигата. Потешко од очекуваното избраницита на Раде Стојановиќ го совладаа Металург 2 со 32:27.
Охриѓани имаа контрола на резултатот од почетокот, но Металург 2 постојано беше на еден до два гола заостанување. Гостите стигнаа до израмнување 11:11, а потоа беа постојано во заостанување. По првите 30. минути Охрид имаше предност 17:14 која направи во завршните минути од првиот дел.
Почетокот на второто полувреме донесе подобра игра на домашниот тим кој успеа да се одлепи на 23:17. Младите металурзи не се предаваа и успеаја да се вратат на само минус еден. Следуваше серија од 7:1 на Охрид со која го реши победникот и запиша планирани бодови.
Најефикасен во победничкиот состав беше Костов со пет гола, а Блажески и Тасески погодија по четири пати. За екипата на Металург 2, Стојановиќ беше најпрецизен со шест гола, а Михајлов и Кофиловски постигна по пет.
ОХРИД – МЕТАЛУРГ 2 32:27(17:14)
Сала: СРЦ Билјанини Извори во Охрид. Судии: Методија Илиевски и Михајло Илиевски. Делегат: Славчо Каланоски.
ОХРИД: Брауновиќ, Андоноски 3, Кривокапиќ 2, Блажжески 4, Костов 5, Гошевски 1, Иваноски 2, Соколов 1, Тасески 4, Мансков 3, Ивановски 1, Ристески 2, Димитриески 1, Анастасовски 3, Даниловски.
Седмерци: 3/4. Исклучувања: 8 мин.
МЕТАЛУРГ 2: Михајлов 5, Фидановски, Кофиловски 5, Савковиќ 4, Николовски, Божиновски, Митиќ 1, Василевски 1, Стоилевски 3, Ристовски 2, Георгиевски, Љубевски, Стојановиќ 6, Гајиќ, Додиќ, Ефтимов.
Седмерци: 1/1. Исклучувања: 8 мин.