Ракометарите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Скопје кај Вардар Јуниор со 23-28 во натпревар од 5. коло во Суперлигата.
Избраниците на Стојан Петрушевски беа тие што го диктираа темпото во првото полувреме, а во еден момент дури поведоа и со четири голови разлика, 11-7. Сепак охриѓани навреме се консолидираа, па на пауза се замина со 12-11.
Во второто полувреме гостите го покажаа вистинското лице, домашните ги стигнаа заморот, па резултатот комплетно се сврте во полза на Охрид. Момците на Раде Стојановиќ искусно го привеода кон крајот и славеа со 23-28.
Најдобри стрелц кај победникот беа Манасков и Блажески со по осум голови, додека кај Вардар Јуниор се истакна Кукуловски со седум релизации.