Словенечкиот репрезентативец Грегор Оцвирк, кој на почетокот на минатата сезона дојде во европскиот шампион Вардар, во новата сезона ќе ги брани боите на шведскиот тим Кристијанштад.
Во „црвено-црниот“ тим не ја доби посакуваната минутажа, потоа влезе во конфликт со спортскиот директор Едуард Кокшаров, па на полусезоната се врати во Словенија, во дресот на Јерусалем Ормож.
Имаше одлични изданија на младинскиот Мундијал во Шпанија, каде беше втор најдобар стрелец, па го привлече вниманието на дел од бундеслигашите, но сепак не направи трансфер веднаш.
Сега Љубомир Врањеш го „зема“ под свое во шведскиот тим, каде несомнено ќе добие голема слобода во играта и ќе ја дели средната бековска позиција со шпанскиот интернационалец Марк Кањелас.