96-Годишна старица донираше 100.000 круни на омилениот клуб!

Во периодот кога сите клубови имаат проблеми со финансиите предизвикани од коронавирусот, женскиот клуб Вестерасирста од Шведска доби огромен подарок. Свеа Френбо, која има 96 години и своевремено играла ракомет, донираше 100.000 круни на клубот.

Очигледно е дека таа овој потег не го направила за да привлече внимание, туку едноставно се грижи за клубот и луѓето кои работат таму и сака да помогне. Како и што самата вели клубот има посебно место во нејзиното срце.

„ Клубот е посебен за мене. Јас и мојот сопруг долги години игравме ракомет, во наше време клубот се викаше Вестерас, а потоа се спои со Ирста и стана Вестерасирста. Никогаш не игравме за тој клуб, но поврзаноста постои и денеска моите внуци играат за клубот и секако дека ги следам“, рече Свеа за медиумите во Шведска кај кои привлече големо внимание со нејзината одлука.

Коронавирусот не заобиколи ниту еден клуб во Шведска и Европа, па така и Вестерасирста на кој оваа помош е добредојдена. Луѓето од клубот го истакнаа своето задоволство и благодарност до Свеа.

„Радоста е огромна кога вакво нешто неочекувано ќе ви се случи, како гром од ведро небо. Навистина ова што го направи Свеа е одлично за нас“, коменетираше спортсиот директор Френе Буверуд. На него се надоврза и тренерот на екипата Томас Морен. „Вестерасирста се бори за својот опстанок,  сè е многу неизвесно во овие времиња. Ние, како и сите други, аплициравме за грантовите од Шведската спортска федерација, но никој не знае што точно ќе добиеме. Сите дополнителни приходи се добредојдени,а  во овој случај тоа е неоспорно прилично голем приход за нас.