Во ракометните кругови одамна се зборува за одредено несогласување меѓи спортскиот директор и селекторот. Неодамна имало и медијаторство со посредство на РФМ, но иако ништо не било јавно објавено останала таа доза на нетрпеливост меѓу нив.
Подмладувањето на репрезентацијата, назначувањето на нов селектор – сега продолжува со промени во стручниот штаб, па ракометните сениори ќе добијат и нов спортски директор. На местото на досегашниот Милчо Чакарески наскоро треба да дојде нов „линк“ меѓу играчите и федерацијата. Промената на директорската позиција треба да биде „галантна“ без многу турбуленции – впрочем во нашата федерација сите промени и проблеми се решаваат на мирен начин.
Засега од РФМ нема официјална потврда за промената. Но, Чакарески не беше со репрезентацијата неделава кога тие се собраа во Скопје, па заминаа за Турција и одиграа две контролни средби. Го немаше ниту на двата натпревари против Грузија во Скопје, вчера и денеска. Причината е што тој имал работни обврски и за тоа била информирана федерацијата.
Најавите се дека наскоро ќе се обзнани промената, но за 24ракомет високи функционери во РФК веќе потврдија дека на ЕП во Австрија ќе имае нов спортски директор. Неговото име наскоро ќе биде обелоденето, или неговото вклучување ќе биде постепено и не премногу јавно. Но, за следниот собир во декември се ќе биде официјализирано.
Во ракометните кругови одамна се зборува за одредено несогласување меѓи спортскиот директор и селекторот. Неодамна имало и медијаторство со посредство на РФМ, но иако ништо не било јавно објавено останала таа доза на нетрпеливост меѓу нив.
Ако добро слушате ќе чуете дека и меѓу играчите постои некоја поделеност, едните се „за“ другите „не се за“, и тоа било особено истакнато меѓу одредени искусни ракометари во репрезентацијата. Забелешките што ги имале двајцата, и селекторот и директорот се однесувале на изборот на играчи, и во сениорскиот тим и во помладите категории, начинот на водење на репрезентациите, вклучувањето односно изборот на тренери во помладите категории, клупските амбиции и обидот да се протуркаат некои ракометари..
Чакарески постојано беше дел од репрезентацијата, седеше на клупата меѓу официјалните лица и дојде во време кога Ивица Обрван беше селектор. Потоа се сменија и Лино Червар и Раул Гонзалес, дел од стручнио тштаб но спортскиот директор остана ист. Тој беше дел и од младинските селекции кои играа на СП во Алжир, на Б Европските првенства каде настапувавме и летово на последното кадетско СП.
Македонија неделата одигра четири натпревари во ЕХФ неделата, и оствари три победи (Турција и двапати Грзуиаја) и едно реми со Италија. Но, игравме со комбиниран состав во кој повеќе време добија оние што допрва треба да се наметнат, а оние поискусните беа во репрезентацијата, но без потреба да се докажуваат.
На ЕП во Австрија во јануари 2020 нашите сениори се во група со Чешка, Австрија и Украина. Првите две од групата продолжуваат во следната фаза.