Тимот на Бутел Скопје и во новата сезона ќе биде дел од меѓународна сцена и ќе настапи во ЕХФ Европскиот Куп.
Бутелци ја заврши сезоната на петтото место во суперлигашкиот плеј-оф веднаш зад големата четворка во македонскиот ракомет и со освојувањето на трофејот на Охрид во ЕХФ Европскиот Куп доби шанса да биде петти македонски тим во Европа наредната сезона.
Бутел Скопје досега има искуство со настапи по два пати во Лигата на Европа и во ЕХФ Европскиот Куп, а минатата сезона беше несреќно елиминиран во првото коло за само еден погодок.
ЕХФ дополнително ќе објави во кое коло ќе стартуваат македонските преставници. Вардар треба да игра во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер и Охрид (ако добие вајлд-карта) во Лигата на Европа, додека Бутел Скопје и „сино-белите“ од Автокоманда во ЕХФ Европскиот Куп.
Оваа сезона екипата ќе има голема трансформација, бидејќи заминува тренерот Горан Кузманоски и неколкумина играчи, а на негово место доаѓа Стојанче Стоилов, кој и понатаму ќе се обиде да ја продолжи традицијата со пласман во плеј-офот. Откако е во елитното друштво, Бутел Скопје секогаш игра во битката за титулата.
























