🎥 Ракометарите ја променија локацијата, пристигнаа во Берлин

Машката репрезентација на Македонија ја промени базата на Европското првенство во Германија.

Ракометарите на Македонија од Диселдорф се преселија во Берлин, во германската престолнина ќе ги одиграат двата последните натпревари од групната фаза.

Македонија загуби од олимпискиот првак Франција со 39-29 во првата рунда на Европското првенство.

Втор предизвик за нашата репрезентација ќе биде домаќинот Германија, кој имаше неверојатна партија против Швајцарија и славеше со 27-14.

Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра на 14 јануари од 20:30 часот, додека пресметката против Швајцарија ќе биде на 16 јануари од 18:00 часот.