Ќосевски: На секој натпревар одиме на победа

Ракометарите на Вардар во првиот четвртфинален дуел против Војводина во регионалната СЕХА лига немаа многу проблеми, триумфираа со 13 гола разлика, 38:25.

Македонскиот шампион во нерамноправен натпревар лесно се справи со младинскиот состав од Нови Сад и победата ја завери уште во првото полувреме.

Десното крило на Вардар, Ален Ќосевски, имаше 100% реализација, три гола од исто толку обиди.

,,Сакам да им честитам на Војводина, ние од првиот меч влеговме со најсилниот состав и одигравме максимално. Одиме на секој меч со мислите за победа”, изјави Ќосевски.

Реванш дуелот меѓу Војводина и Вардар ќе се одигра на 11 април во Нови Сад.

Вардар немаше милост за Војводина